Здравствената состојба на прославениот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ е влошена.
Италијанските медиуми претходните денови пишуваа дека Михајловиќ, кој подолго време се бори со леукемија, е во стабилна состојба, но последните информации говорат дека околностите се промениле на полошо.
Засега никој од неговото семејство не се оголесил.
Болеста на Михајловиќ му беше дијагностицирана кон средината на 2019 година, тој успеа да се врати на тренерската работа во Болоња, но потоа повторно мораше да оди на терапија.
Михајловиќ работеше во Болоња до 6 септември годинава, кога беше раскинат договорот.