Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД

Од:

Две лица загинаа во невремето проследено со снежни виулици и урагански ветрови што го зафатија централниот дел на САД.

Мајка и син загинале во шумската област Китвил, во централниот дел на сојузната држава Луизијана. Според полицијата, момчето било пронајдено една милја од неговиот дом во областа Китвил, додека неговата мајка исто така била пронајдена мртва еден блок подалеку од нејзиниот дом.

Во Фармервил, Луизијана, на околу 145 километри источно од Китвил, дваесетина луѓе се пренесени во болница, некои со сериозни повреди по налетот на торнадо што предизвика големи штети врз станбен комплекс.

Метеоролозите за денеска прогнозираат уште посилно невреме. Утрово беше издадено и предупредување за торнадо за делови од Луизијана и Мисисипи. Торнада го зафатија и Тексас, каде исто така уништија десетици домови.

Најмалку пет лица се повредени во предградието на Далас, Грејпвин, изјави портпаролката на полицијата Аманда МекЊу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во САД, откажани летови и возови

Снежно невреме во Германија, патници заглавени во возила

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло

Во Хрватска на сила е црвен метео аларм, се очекуваат ветрови и до 200 километри на час

Дел од жителите на Калифорнија отсечени од светот: Во снегот напишаа порака за службите за итна помош

Најмалку едно лице загина во снежното невреме во Јапонија