Ковачки: Новиот директор на АНБ не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство

Од:

Новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски, не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

„Милошевски не е нов човек. Тој му бил помошник и е кадар на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ, а со тоа и на српската врска. Досега ја извршувал функцијата помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО во АНБ, а на таа позиција е поставен со потпис на досегашниот контроверзен директор – Виктор Димовски. Зарко Милошевски како Помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко. Тој е една од причините поради која Онишченко добива македонско државјанство, но очигледно дека тоа не значи ништо за тие што го поставиле“, пишува Ковачки.

Додава дека Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога над 200 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи.

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш, во тројка луѓето се вредни, чесни, достоинствени, тотална спортивност од криминалец како тебе, на 8 мај граѓаните ќе те збришат и пратат во опозиција

Горан Наумовски

Ковачки: После победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ

Ковачки: Масовно да излеземе и да гласаме на 8 мај за да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината – за Македонија се работи

(ВИДЕО) Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево

Горан Наумовски