Русија ќе добие покана да присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК)

Од:

Русија ќе добие покана да присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) следната година, чиј домаќин се САД, соопшти денеска американски официјален претставник.

-Како „добри домаќини на АПЕК“, САД ќе ја поканат Русија, членка на оваа организација од 21 земја, рече Мет Мареј, висок американски претставник на АПЕК на прес-конференција во Сингапур.

Односите меѓу Вашингтон и Москва го достигнаа најниското ниво во последните 60 години од почетокот на војната во Украина во февруари.

На министерскиот состанок на АПЕК, чиј домаќин беше Тајланд во мај, претставниците на САД и некои други земји ја напуштија салата во знак на протест за време на говор на рускиот министер за економија Максим Решетников.

Рускиот претседател Владимир Путин не присуствуваше на самитот на Групата 20 на Бали минатиот месец, и покрај поканата од домаќинот Индонезија, а Мареј не коментираше дали Путин ќе присуствува на состанокот на лидерите на АПЕК следната година во Сан Франциско.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот