Кина го испорача својот прв патнички авион, кој ќе му конкурира на A320 на Ербас

Од:

Кина денеска соопшти дека го испорачала на својот нов патнички авион Ц919, кој ќе му конкурира на А320 на Ербас, а својот прв комерцијален лет треба да го изврши на почетокот на 2023 година.

Тоа е првиот патнички авион со среден дострел произведен од кинеската државна компанија Comac, иако повеќето важни делови се увезени. Ц919 има два мотори и ќе конкурира и на 737 MAX на Боинг.

Првиот авион Ц919, кој може да прими 164 патници, официјално и беше предаден на кинеската компанија China Eastern на церемонија одржана на аеродромот во Шангај, објави државната телевизија CCTV.

Овој настан е „важен чекор напред“ во кинеската воздухопловна индустрија, оцени телевизијата.

На аеромитинг во ноември, Comac соопшти дека има нарачка за 300 C919. Но, не откри детали за вредноста на договорот или датумите на испорака.

Според кинеските медиуми, од крајот на 2022 година четирите авиони треба да бидат испорачани на China Eastern, втората по големина кинеска авиокомпанија по број на патници, а ќе бидат пуштени во употреба во првиот квартал на 2023 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени