Компанијата на Трамп прогласена за виновна за перење пари и за даночна измама

Од:

Поротата го осуди семејниот бизнис на Доналд Трамп за даночна измама. Станува збор за компанијата Trump Organization, а пресудата е по сите точки од обвинението по дводневна расправа на поротата во судот во Њујорк. Компанијата е синоним за поранешниот американски претседател, меѓутоа, ниту на Трамп, ниту на некој од членовите на неговото семејство не им е судено.

Компанијата се очекува да се соочи со парична казна од околу 1,6 милиони долари, а во иднина може да се соочи и со потешкотии да обезбеди заеми и финансирање. Трамп рече дека судењето е политички мотивирано. Две филијали на Организацијата Трамп – корпорацијата Трамп и корпорацијата за плати на Трамп – беа осудени по сите 17 обвиненија за даночна измама и фалсификување деловни книги.

Трамп и неговите три најстари деца се соочуваат со посебна граѓанска тужба поднесена од јавниот обвинител на Њујорк, која би можела да им забрани да работат во таа држава.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он