Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само 3 дена од 5ти до 7ми Декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000€, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ За само еден месец, од 7ми Ноември до 7ми Декември „хероите” во владата увезоа струја за точно 32.955.084€ или за повеќе од 1 милион € на ден. Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа „хероите” во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1ви Ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта. Наместо да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии. Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе ви бидат претешки“ пишува Мицкоски на својот Фејсбук.