Лавров за односите со Западот: „Бомбардирањето на Југославија ја отвори Пандорината кутија“

Од:

Нема да има обнова на претходните односи со Западот, со кој соработката е можна само врз основа на нови принципи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција за европската безбедност, пренесе ТАШ.

Лавров изјави дека НАТО се вратил на принципите на Студената војна затоа што сака да ги држи Русите надвор од Европа, а Американците во Европа и смета дека целата Европска унија сега е под контрола на САД, пренесува РИА Новости.

– Се сеќаваме како се создаде НАТО: кога првиот генерален секретар на алијансата, господинот Исмеј излезе со формулата „Држете ги Русите подалеку од Европа, Американците во Европа и Германците под контрола“. Ова што сега се случува апсолутно значи враќање на НАТО на оние концептуални приоритети кои беа развиени пред 70 години – рече Лавров.

Тој потсети и дека бомбардирањето на Југославија ја отвори Пандорината кутија и го прекрши меѓународното право, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници