Од Украина во Шпанија пристигнале две писма бомби

Од:

Шпанската полиција истражува можна поврзаност помеѓу две писма со бомби испратени до амбасадорот на Украина во Мадрид и шпанска компанија за оружје која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев, потврди полицијата.

Во првиот инцидент, службеник на украинската амбасада во Мадрид е повреден кога отвори писмо-бомба упатено до амбасадорот, поради што Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои амбасади во странство.

Писмото, кое пристигнало по обична пошта и не било скенирано, предизвикало „мала рана“ на раката кога службеник го отворил во градината на амбасадата.

Неколку часа подоцна, компанија за производство на оружје во Зарагоса, североисточна Шпанија, добила сличен пакет, потврди полицијата.

Владината претставничка на Зарагоса, Роса Серано, во интервју за станицата SER рече дека изгледа дека двата плика имаат ист испраќач бидејќи на задната страна е напишана истата адреса на е-пошта.

Станува збор за компанијата Инсталаза, производителот на ракетниот фрлач Ц90 кој Шпанија и го донира на Украина.

По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите украински амбасади во странство „итно“ да ја зголемат безбедноста и ја повика Шпанија да започне истрага за нападот.

Детективите го истражуваат инцидентот со помош на форензичари и инспектори за разузнавање, соопшти полицијата.

Шпанскиот висок суд отвори истрага за нападот како можен случај на тероризам.

Станбената област околу амбасадата во северозападниот дел на Мадрид е опколена, а единицата за деактивирање бомби е распоредена на местото на настанот. На ист начин се третира и областа околу фабриката во Зарагоса.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата