Во Куманово започна Пијанечко-малешевска свадба

Од:

Овогодинешната невеста на седмата Пијанечко-малешевска свадба, која традиционално се организира во Делчево е кумановка, па затоа првиот ден од свадбата започна во Куманово.

-Отсекогаш сме сакале да имаме ваква свадба. Знаеме дека многу одамна изумреа нашите обичаи. Можеби и Куманово по оваа манифестација ќе почне да организира вакви настани – истакна младата, Фросина Митевска и заедно со младоженецот, Аце Трајковски додадоа дека им претставува чест што ги носат носиите на своите градови.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денес ги прими младенците и сватовите и им посака среќа, здравје и многу деца.

svadbaKumanovski1

-Македонија во изминатата декада направи низа манифестации од етно туризмот, кои на некој начин ја збогатуваат туристичката понуда. Како североисточен регион исто така тежнееме кон туристичкиот развој, руралниот или селски туризам, односно кон се што може да донесе економски раст – изјави тој.

Младите веднаш по приемот кај градоначалникот со своите роднини и пријатели заминаа на градскиот плоштад каде што со културно уметничко друштво „Панче Пешев“ заиграа оро.

Вториот ден од свадбата ќе продолжи утре во Делчево, каде што се очекува да се видат и обичаите од малешевијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање