Ковачки: Петровска да каже дали адресата на живеење е иста со адресата на хациендата со базен, а Ковачевски кога ќе ја разреши?

Од:

На денешната седница во Собранието на Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки постави две пратенички прашања до министерката за одбрана Славјанка Петровска дали според податоците во нејзината лична карта адресата на живеење и е иста со адресата на луксузната хациенда со базенот во Радишани, и второ прашање до премиерот Димитар Ковачевски дали после понижувањата кон Петровска планира да достави предлог за разрешување на министерката.

„Имам две пратенички прашања, ова е анкетниот лист што го има доставено министерката Славјанка Петровска до ДКСК и тука нема пријавено никаков имот има пријавено само два кредити и кредитни картички. Во 2007 година парцелата која што неспорно била во сопственост на министерката Петровска гледате дека нема никаква градба. Во 2009 година на таа парцела веќе гледате дека има куќа, куќа бесправно изградена без потребната градежно техничка документација. Веднаш после тоа на лице место излегуваат лица од катастарот, прават увид и ги запишуваат согласно тие системски проверки, го запишуваат имотот на име на министерката Славјанка Петровска. Во 2012 продолжува со дивоградба на објектот и гледаме дека тука веќе е изграден базен. Во 2016 тоа е последната година кога е градена дивоградбата гледаме дека дополнително е изграден уште еден објект на местото во сопственост на почитуваната министерка. Министерката имаше и прес каде што кажа дека продала некое земјиште но со цел да ја покријат нејзината лага веднаш на помош го побараа и директорот на катастар кој што кажа дека земјиштето неспорно до 2020 е во сопственост на министерката. значи Петровска вели пред едно десеттина години го продала директорот вика до 2020 година е во нејзина сопственост а податоците од катастарот вели дека се уште е во владение на Петровска. Пред мене имам сметка за вода која што гласи на името на таткото на министерката со адреса на луксузната хациенда, дали според податоците во вашата лична карта адресата на живеење ви е иста со адресата на луксузната хациенда со базенот во Радишани“, праша Ковачки.

Пратеникот Драган Ковачки постави и второ прашање до премиерот Ковачевски Дали после неговите неконтролирани испади со кои ја понижил министерката за одбрана како жена планира предлог за нејзино разрешување.

„Второ прашање до премиерот, дали откако со вашите неконтролирани испади ја пониживте министерката за одбрана како жена а потоа и како функционер а согласно изнесените аргументации на оваа говорница планирате да доставите предлог до собранието за разрешување на министерката за одбрана“, нагласи Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски

Ковачки: Кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, пари и биле пронајдени списоци за гласање

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

(ВИДЕО) Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес

Горан Наумовски