Премиерот на Унгарија Виктор Орбан учествуваше на пријателскиот натпревар на Унгарија во фудбал носејќи шал со мапата на „Голема Унгарија“.
На таа мапа се делови од денешна Австрија, Словачка, Србија, Хрватска, Украина и Романија.
Ова не е првпат Орбан да „провоцира“ користејќи ја оваа мапа, откако во 2020 година хрватските и романските лидери остро ги осудија неговите објави на социјалните мрежи.
Hungarian Prime Minister Viktor Orban appeared in public with a scarf depicting a map of “Greater Hungary”.
This map includes the current territories of Austria, Slovakia, Romania, Croatia, Serbia and Ukraine. pic.twitter.com/QCYErb5tx0
— NEXTA (@nexta_tv) November 22, 2022
Тој тогаш им посака среќа на студентите за последните испити, објавувајќи глобус со „Голема Унгарија“ на мапата на Европа.
Картата на Голема Унгарија е симбол на унгарскиот ревизионизам кој се почесто го користат функционерите од Будимпешта.
Потегот на Орбан доаѓа само неколку дена по дискусијата со романскиот министер за надворешни работи во која двајцата се осврнаа и на „прашањето на приватните посети на Романија од страна на некои унгарски официјални лица и несоодветните јавни изјави испратени од нив“.
Од Романија веднаш стигнаа реакции на потегот на Орбан.
Алин Митута, романски пратеник во Европскиот парламент, на Твитер порача дека поради вакви работи лидерите на Европската Унија треба да го казнат и изолираат Орбан.
Another irresponsible act of Viktor Orban, who appeared today with a scarf with the map of Greater Hungary. It’s a revisionist gesture that puts Orban alongside Putin, who also dreams of border changes. He should be sanctioned and isolated by EU leaders in the European Council. pic.twitter.com/9UwOIU89cN
— Alin Mituța (@AlinMituta) November 21, 2022
„Ова е уште еден неодговорен потег на Виктор Орбан, кој денеска се појави со шал со карта на Голема Унгарија. Тоа е ревизионистички гест што го става Орбан покрај Путин, кој исто така сонува за промена на границите. Лидерите на ЕУ треба да го санкционираат и изолираат во Европскиот совет“, пишува Митута.