Домашен притвор за момчето кое силувало 72-годишна жена

Од:

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на кавадаречкото сечп Дреново, кој е осомничен дека сторил кривично дело силување.

Според ОЈО, на 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата.

„Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

Ја истепал и ја силувал во автомобилот на татко му, се бара пртивор за скопјанец

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец