Синот на Трамп: Украинска ракета падна врз Полска, можеме ли да престанеме да ги вооружуваме?

Од:

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат во 2024 година.

За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на првите избори на кои се кандидираше и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Кандидатурата на Трамп сигурно ќе ја направи американската политичка сцена уште поинтересна, особено во контекст на војната во Украина и односот на САД со НАТО.

Синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, на Твитер се прашува дали е време да престане да се испраќаат милијарди во Украина откако украинската ракета падна во Полска.

„Откако украинска ракета го погоди сојузникот на НАТО Полска, можеме ли барем сега да престанеме да трошиме милијарди за нивно вооружување? прашува Доналд Трамп Џуниор.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата