И денес дојави за бомби, закани добиле седум скопски средни училишта

Од:

Утрово веднаш по почетокот на наставата повторно дојави за бомби добиле неколку средни училишта во Скопје.

Наставата е прекината и учениците се евакуирани.

„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Ова е четврта недела со дојави за бомби во училиштата.

Полицијата, по деталните проверки, утврди дека сите досегашни закани се лажни.

Би можело да ве интересира

Дојави за бомби во неколку основни и средни училишта во Белград

Горан Наумовски

Дојава за поставена бомба во скопската гимназија „Ѓорги Димитров“

Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје

Горан Наумовски

Повторно дојави за бомби во скопските училишта

Спасовски: Многу блиску сме до откривање на заканите за бомби во Кавадарци

А1он

Општина Аеродром: Сите деца се на безбедно до завршувањето на проверките