Денеска, според проценките на ОН, светот доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.
LOOK: Meet baby girl Vinice Mabansag—isa sa sumisimbolo bilang ika-8 bilyong tao sa mundo. Ipinanganak siya sa Dr. Jose Fabella Memorial Hospital kaninang 1:29am. | @gmanews pic.twitter.com/RQE0NSZCjm
— Nico Waje (@nicowaje) November 14, 2022
Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во Др. Меморијалната болница Хозе Фабела во Тондо на 15 ноември, беше избрана за осуммилијардити човек во светот.
„Штотуку бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот по полноќ“, изјави д-р Ромео Битуин, главниот лекар на болницата.