Германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд во денешниот телефонски разговор изразија заеднички став дека мора да се реагира на нападот со хемиско оружје во Сирија, што претставува кршење на човековите права.
– Тие се надеваат за брзо завршување на истрагата на инспекторите на Обединетите нации за хемиско оружје и итно доставување на тој извештај до СБ на ОН. Потоа Советот ќе може да ја изврши својата должност во врска со тој монструозен чин, се наведува во соопштение од Кабинетот на Меркел.
Оланд, кој денеска имаше средба со лидерот на опозициската Сириска национална армија Ахмед Џарбо се уште не донел конечна одлука за воена интервенција во Сирија.