Паско Кузман останува уште еден месец во куќен притвор, останатите притворени во Фаланга 2 остануваат во Шутка.
Кривичниот суд во Скопје денеска донел одлука да им го продолжи престојот во притвор уште еден месец на најголемиот број обвинети.
Адвокатот на Кузман се уште не добил одговор на барањето Паско Кузман да се брани од слобода со понудена гаранција во недвижен имот. Наскоро се очекува да почне судењето за Фаланга 2.
Обвинителството за организиран криминал пред две недели покрена обвинение против 16-мината. Кузман се товари за злоупотреба на службената положба, односно дека спротивно на законот издал согласност на приватни лица за ископување на две локации, информира Канал 5.