Трамп во вторник ќе ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година, потврди неговиот советник

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторник ќе објави дека е „кандидат за претседателските избори“ во 2024 година, потврди вчера неговиот близок советник.

Трамп претходно навести дека би можел да се кандидира, најавувајќи „голема објава“ од неговиот дом во Флорида.

Содржината на таа објава не предизвика голема неизвесност последните денови.

„Поранешниот претседател Трамп во вторник ќе објави дека е кандидат за претседателските избори. И тоа ќе биде многу професионална, многу уредна најава“, рече неговиот советник Џејсон Милер.

76-годишниот републиканец смета дека прашањето за неговата кандидатура „не треба ни да се поставува“, објасни Милер.

Дури и ако влијанието на Трамп врз Републиканската партија остане непобитно, тој сепак излезе ослабен од среднорочните избори во вторникот, кога многу негови истомисленици потфрлија

Спротивно на тоа, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, новата ѕвезда на цврстата десница, беше триумфално реизбран. Таа победа го зацврсти неговото место како потенцијален ривал на поранешниот претседател за републиканската номинација.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он