Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од денеска до 31 август ќе се одржи вториот „Прилеп џез викенд“.
Фестивалот го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности. Манифестацијата ќе биде отворена со Кабадајас и Тао Трио.
Џез викендот е во организација на локалната самоуправа, а е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал“.