Изневерувањето е аут, истополовите бракови се ин

Од:

Според последното истражување за новите трендови во сексот, истражувачите велат дека изневерувањето на партнерот станало потполно „аут“, но поради тоа сексот за една ноќ, секако, доколку сте слободни, апсолутно е „ин“.

Тоа најмногу важи за младата популација која сè повеќе е отворена по прашањата за сексот за една ноќ, истополните бракови, а луѓето помеѓу 18 и 30 години кои учествувале во студијата покажале дека и тоа како се за моногамијата и верноста на партнерот кој ја ценат и се придржуваат до неа, пишува Daily Mail.

Новото истражување кое го спроведе Лаура Вот, социолог од Универзитетот во Манчестер, од почетокот на 1990-та година до денес ги проучувала сексуалните навики на Британците. Според истражувањето, само еден од десет Британци го подржува изневерувањето, а дури осум од десет сметаат дека сосема е погрешно да се имаат повеќе партнери, особено доколку партнерите живеат заедно.

Девет од десет испитаници сметаат дека мамењето на партнерот се смета за целосно неоправдано, под било кои околности. Испитаниците покажаа поголема отвореност кон сексуалните однесувања на слободните луѓе, а дури 70 отсто ги поддржуваат истополните бракови.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ