Гаѓање со домати за 10 евра

Од:

Илјадници луѓе денеска учествуваа на годишната забава на гаѓање со домати „Томатина“, која се одржува во шпанскиот град Буњол, а оваа година организаторите првпат наплатуваа влез.

Градските власти соопштија дека околу 20.000 луѓе учествувале во едночасовното гаѓање со домати, инспирирано од тепачката во 1945 година, кога децата се гаѓале со храна.

Учесниците оваа година давале и по 10 евра за влез на забавата, со што всушност се плаќале трошоците на фестивалот.

Од градската управа е соопштено дека шест камиони донеле 130 тони домати, а биле поставени и подвижни тушеви за да можат учесниците по „борбата“ да се измијат.

Буњол, кој има околу 10.000 жители, има долг од околу пет милиони евра.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ