Суспендиран шефот на полицијата на БиХ кој се закануваше на новинарка дека ќе и го скине грлото

Од:

Полициската управа на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФУП), го суспендираше Зоран Чегар, началникот на униформираната полиција, на 3 ноември, кој беше снимен како им се заканува на новинарките дека ќе им ги „скине грлата“ пред судницата.

ФУП соопшти дека Чегар е суспендиран согласно „Законот за полициски службеници на Федерацијата Босна и Херцеговина, без да се наруши исходот од постапката против назначениот полициски службеник пред надлежниот орган на ФУП“.

Во соопштението на ФУП не се наведуваат повеќе детали за причините и должината на суспензијата на Чегар поради, како што наведуваат, „заштита на законитоста на тековната постапка против полицискиот службеник Зоран Чегар“.

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Аљоша Чампара, на 28 октомври испрати барање за суспензија на Чегар, поради обвинението за измама во Хрватска и нападот врз новинарите од Центарот за истражувачко новинарство во Босна и Херцеговина (CIN).

Два дена претходно, во судот во Дубровник започна судењето на Чегар поради сомневање за измама, што според хрватските закони се казнува со затворска казна до осум години.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница