Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да се почитуваат.
„Неприфатливи се вознемирувачките дејствија, како палење автомобили. Договорите во дијалогот мора да се почитуваат. Ги повикувам сите да дејствуваат воздржано“, напиша Борел на Твитер.
Високиот претставник ова го соопшти по разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти. Тој додаде дека со Курти разговарал и за можностите за напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.
Борел и Курти се сретнаа пред самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија, на кој присуствува и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Извор: МИА