Во Пробиштип денеска е отворен новиот градски пазар вреден околу 70 милиони денари.
На отворањето присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова и градоначалникот Тони Тоневски.
Вицепремиерот Ставрески истакна дека е задоволство што токму на Денот на рударите се отвора голема и капитална инвестиција за рударскиот град Пробиштип, а воедно на македонските рудари им го честиташе празникот 28 Август – Пресвета Богородица, заштитничка на рударите.