Русија ги ограничува летовите со беспилотни летала над енергетските објекти

Од:

Русија од утре ќе ги ограничи летовите со беспилотни летала над енергетските капацитети, пренесува агенцијата Анадолија повикувајќи се на локалните медиуми.

– Министерството за енергетика на Руската Федерација доби задача да направи план за зона на забранети летови над клучните капацитети за гориво и енергија, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на писмо испратено до енергетските компании на 14 октомври.

Во писмото се наведува дека „мерката е со цел да се ограничат активностите на неовластени лица во воздушниот простор над значајни објекти за гориво и енергија“. Активирањето на процесот на воспоставување зона на забранети летови сега се чини дека е клучна мерка насочена кон обезбедување енергетска безбедност, стои во документот.

Заменик-претседателот на Надзорниот одбор на Здружението на доверливи партнери Дмитриј Гушев изјави дека создавањето зона на забранети летови над енергетските капацитети е релевантно по почетокот на руската воена операција во Украина, бидејќи домашните магацини за нафта и рафинерии во пограничните зони би можеле да бидат нападнати од воздух, пренесува Анадолија.

Руските власти ја обвинуваат Украина за извршување воздушни напади на руска територија, особено на регионите што граничат со Украина, како што се Белгород, Ростов и Брајанск. Тврдењата не можат независно да се потврдат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 34 украински беспилотни летала

Русија: Над руска територија беа соборени 17 украински беспилотни летала

Украинската армија собори 50 беспилотни летала

Украина лансираше 110 дронови кон Русија во текот на ноќта

Русите уништија 16 украински беспилотни летала

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски