Советот за безбедност на Обединетите нации треба да го почека извештајот на инспекторите ОН дали во Сирија е употребено хемиско оружје или не, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Владимир Титов.
Изјавата е сигнал дека Русија е против предлог-резолуцијата на Велика Британија која ќе биде доставена до Советот за безебдноста на Обединетите нации.
Со предлог-резолуцијата ќе се осуди сириската Влада за наводниот минатонеделен напад со хемиско оружје, при што загинаа повеќе стотици луѓе и ќе се бара „одобрување на неопходните мерки за заштита на цивилите“ во Сирија“.
Резолуцијата ќе биде поднесена на состанокот на петте постојани земји-членки на СБ.
Претходно, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја повика Русија да ја поддржи британската предлог-резолуција со која ќе се осудат нападите на сирискиот претседател Башар ал Асад и да се преземат „неопходни мерки“ за заштита на мирното население.