Белгиската полиција во соработка со европската полиција – Европол ја уништи најголемата илегална лабораторија за производство на синтетички дроги, кога било откриена во Европа и заплени големо количество хемиски супстанци за производство на екстази, соопшти денеска Европол.
По околу 30 полициски рации во Белгија, во Холандија и во Полска уапсени се 14 осомничени, а против 11 лица (девет мажи и две жени) е покренато обвинение за поседување, производство и трговија со наркотици.
Осомничените се од Белгија, од Бугарија и од Полска и се дел од организирана меѓународна криминална група.
Големата лабораторија за производство на дрога пронајдена е на фарма во близина на Шимеј, јужна Белгија.