Турските дронови „Бајрактар“ ќе се произведуваат во Украина

Од:

Генералниот директор на турската компанија „Бајкар“ што ги произведува беспилотните летала „Бајрактар“ денеска соопшти дека компанијата планира во следните две години да изгради производствен погон во Украина.

„Нашиот план напредува. Во моментов имаме архитектонски проект, деталната фаза од проектирањето е завршена и наскоро ќе почнеме со изградба. Сакаме да го завршиме во рок од две години“, изјави Халук Бајрактар ​​на маргините на Саемот за одбрана САХА што се одржува во Истанбул.

Планот „Бајкар“ да изгради фабрика во Украина е дел од договорот потпишан меѓу Анкара и Киев непосредно пред рускиот напад врз Украина на 24 февруари.

Беспилотните летала „Бајрактар“ испорачани за Киев беа клучни во одбраната на Украина од руските оклопни и противвоздушни системи во првите неколку недели од руската инвазија.

„Бајкар“ го произведува, меѓу другото, борбениот дрон „Бајрактар ​​ТБ2“ што Украина во моментов го користи во борбите против руските сили. Претходно тие летала ги користеше Азербејџан против Ерменија, а беа користени и во воените активности во Сирија и Либија. Според компанијата, нивни борбени дронови се извезени во 24 земји низ светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 34 украински беспилотни летала

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија