Во падот на хеликоптер на брегот на Луизијана во Мексиканскиот залив, едно лице загина, а двајцата преживеани се во критична состојба, соопштија денеска официјални лица.
Несреќата се случила во средата вечерта јужно од градот Морган, пренесе АП.
Националниот одбор за безбедност на транспортот ги истражува причините за падот на хеликоптерот Bell 407, изјави портпаролката на одборот Сара Сулик.