„Ослободи зона-креирај“ е мотото на годинашниот фестивал „Слобода зона“ што почна синоќа во Виница со перформансот „Мојата слободна зона“.
Кореографијата е на Наталија Тодосиева, а настапија студенти од Факултетот за драмски уметности од Виница.
Тројца млади луѓе во потрага по вредноста на уметничкото дело го наоѓаат своето тело како филтер, зборуваат за ударите со кои се соочува младиот уметник.
– Во наредните три дена ќе имаме театарски работилници во чиј фокус ќе биде уметникот и неговото место во општеството, слободата на креирањето со уечство на професионални актери и режисери, студенти на ФДУ, изјави Ивана Атанасова, член на Организацискиот одбор на фестивалот.
Покрај работилници ќе има и проекција на неколку филмови, дебати, базар на ракотворби, а фетсивалот ќе се заокружи на 30 август со концерт на македонски и српски рок групи.
Фестивалот се реализира четврта година, го организира Здружението на граѓани „ОЗТ Фабрика“, а финансиски е подржан и од Општина Виница.