Словенечката Влада денеска објави три пораки преку Твитер, во кои се нагласува дека радиоактивниот отпад во Словенија се складира на безбеден начин и не може да биде користен за валкани бомби.
Словенија на тој начин одговори на неодамнешниот твит на руското Министерство за надворешни работи, со предупредувачка содржина дека Украина планира да употреби валкана бомба, проследен со фотографија со потекло од Словенија.
На една од фотографиите што во понеделникот ја објави руското Министерство за надворешни работи, има проѕирни кеси со радиоактивен материјал проследени со натпис „радиоактивно“ испишан на словенечки.
Според Владата во Љубљана, фотографијата е сопственост на Агенцијата за радиоактивен отпад (АРАО), снимена во 2010 година. Фотографијата била користена како материјал за професионални презентации и средство за информирање на пошироката и заинтересирана јавност.
На фотографијата се прикажани детектори за чад што се во општа употреба. Детекторите содржат радиоактивен извор, но не и радиоактивните извори наведени во табелата под фотографијата.
💬 Russian Defence Ministry: According to the information at hand, two organisations of Ukraine have been ❗ directly ordered to create the so-called #dirtybomb.
☢️ The works are at their concluding stage. pic.twitter.com/7mxxCpWSWK
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) October 24, 2022
„Фотографијата е објавена без знаење на АРАО“, се појаснува во третиот твит што го објави официјална Љубљана.
Валкана бомба е термин што се користи при опес на конвенционално оружје што содржи радиоактивен материјал.
Москва овинувањата првпат ги упати во неделата во телефонскиот разговор на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу со неговите колеги од САД, Франција, Велкика Британија и од Турција, споменувајќи „можни провокации од Украина со употреба на ’валкана’ бомба“.
Париз, Лондон и Вашингтон ден потоа заеднички ги критикуваа „лажните“ тврдења на Москва, а британската мисија во ОН уште посети дека „во Украина нема нуклеарно оружје“.
Извор: МИА