Израел досега не учествуваше во сириската граѓанска војна, но ќе одговори со сила на секој обид за напад врз државата, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху.
По консултации за прашања од безбедноста, тој посочи дека еврејската држава е подготвена за секакви сценарија.
– Ние не сме страна во сириската граѓанска војна, но ако биде направен каков било обид да не нападнат, ние ќе одговориме со сила и ќе го одбиеме, изјави Нетанјаху.