Лидерот Унион Берлин падна во Бохум

Од:

Унион Берлин, водечкиот клуб на табелата во Бундеслигата, доживеа неочекуван пораз од последнопласираниот Бохум. Бохум со оваа победа му го препушти фенерот на Шалке.

Бохум поведе во 43. минута благодарение на Филип Хофман, а предноста ја зголеми во 71. минута по брза контра во која Кристофер Антви-Аџеи му асистираше на Герит Холтман.

Еден од хероите на победата на Бохум е и голманот Мануел Риман кој му одбрани пенал на Милош Пантовиќ. Интересно Пантовиќ летово од Бохум се пресели во Унион Берлин.

Пантовиќ, сепак постигна гол против поранешниот клуб, во 93.минута го постави конечниот резултат.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Раководството на Унион Берлин физички нападнато пред дуелот со Феенорд

А1он