Триесетина поети од Македонија и од светот денеска учествуваа на традиционалната поетска манифестација Поетско матине по повод завршувањето на педесет и второто издание на Струшките вечери на поезијата.
Манифестацијата се одржа во Кањонот Матка. Честитка до добитниците на наградите и благодарност што со своите стихови го пренесуваат духот на Струшките вечери на поезијата до учесниците упати Петар Гичаровски од Град Скопје.
Денеска годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, мексиканскиот литерат Хозе Емилио Пачеко беше прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија а вечерва со почеток во 21 часот, на градскиот плоштад Македонија, кај споменикот на Гемиџиите, ќе се одржи поетски митинг, како последна поетска активност во рамки на најголемата поетска манифестација на овие простори Стручките вечери на поезијата којашто заврши завчера во градот на реката Дрим, Струга.