Карла Дел Понте: Бунтовниците користеле сарин

Од:

Главниот истражувач на ОН за Сирија, Карла Дел Понте истакна дека според изјавите на сведоци, во нападот на предградието на Дамаск најверојатно бунтовниците употребиле сарин.

Според неа постои голем и конкретен сомнеж, дека бунтовниците кои што се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, употребиле хемиско оружје, во текот на минатонеделното бомбардирање, иако тие го обвинуваат режимот.

Таа нагласи дека експертите на ОН, кои во Сирија работат на утврдување на обвиненијата, се уште не пронашле докази дека силите на власта употребиле хемиско оружје.

-Наши луѓе беа во соседните држави и разговара со жртвите и лекарите. Според нивните изјави постои конкретен сомнеж, но без доказ, дека е употребен сарин – изјави Дел Понте.

Екипата од експерти на ОН која треба да спроведе истрага на местото на настанот, најпрвин „заглави“ во хотел во Дамаск, а кога и беше дозволено да излезе на терен беше нападната од снајпер . И за овој настан бунтовниците го обвинија Асад, а тој нив.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он