Американската поп пејачка Мадона е на врвот на најпознатите славни личности во 2013 година во рангирањето на магазинот Forbes.
Според електронското издание на списанието, во разгледуваниот периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година, Мадона заработила 125 милиони американски долари.
Минатата година, првото место на оваа ранг листа го држеше американската телевизиска водителка, продуцентка и социјална активистка, Опра Винфри, чијашто заработка магазинот ја процени на 165 милиони долари.
Второто место на листата на Forbes го зазема сценаристот, продуцентот и режисерот Стивен Спилберг со 100 милиони долари. Мината година, неговата заработка беше проценета на 130 милиони долари