Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вели дека по нападот со дрон избил пожар во станбена зграда во главниот град. Кличко наведува дека лекари и пожарникари се на местото на настанот.
Засега нема информации за жртви. Кличко објави и предупредување до граѓаните на Телеграм и им наложи да останат во засолништа.
„Уште две експлозии во областа Шевченков. Останете во засолништа“, напиша Кличко.
„Во центарот на главниот град сообраќајот е блокиран на делови од неколку улици. Апелирам до жителите на Киев: не одете во центарот на градот освен ако е апсолутно неопходно“, вели тој.
Утринава се случија нови експлозии во Киев. Експлозиите се случија околу 7 часот по локално време, а се огласија и сирените за воздушен напад.
Една од експлозиите се слушнала во близина на центарот на градот.