Убиен шефот на Советот за безбедност на Ингушетија

Од:

Непознати напаѓачи го застрелале шефот на Советот за безбедност на Ингушетија, Ахмед Котиев, додека се возел со автомобилот на работа, соопштија денеска руските истражни органи.

Во нападот кој се случил во близина на селото Ничние Ачалуки во севернокавкаската република Ингушетија, освен Котиев загинал и неговиот возач.

– Сите можни теории се проверуваат, но приоритет е даден на неговите професионални активности, се наведува во соопштението.
Претседателот на Ингушетија, Јунус Бек Јевруков најостро го осуди нападот, кој според него е поврзан со ангажманот на Котиев да се запре насилството на бунтовниците врз безбедносните сили во регионот.

Јевруков истакна дека Котиев посебно бил активен и успешен во охрабрувањето на членовите на исламистичките бунтовнички групи за враќање во нормалниот живот.

Во Ингушетија главно живее муслиманско население, како и во останатите подрачја на Северен Кавказ, каде власта, која го поддржува Кремљ, се бори против исламистичките бунтовници и каде секоја година животот го губат по десетици луѓе.

Би можело да ве интересира

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС