Михаило Подољак, советник на претседателот на Украина, зјави дека Киев ќе најде решение за да ја одржи функционална сателитската мрежа Старлинк.
Претходно денеска американскиот милијардер Илон Маск изјави дека неговата вселенска компанија „SpaceX“ не може на неодредено време да го финансира Старлинк во Украина.
Let's be honest. Like it or not, @elonmusk helped us survive the most critical moments of war. Business has the right to its own strategies. ?? will find a solution to keep #Starlink working. We expect that the company will provide stable connection till the end of negotiations.
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) October 14, 2022
– Да бидеме искрени. Сакале или не, Маск ни помогна да ги преживееме најкритичните моменти од војната. Компаниите имаат право на своја стратегија. Украина ќе најде начин да го одржи во функција Старлинк. Очекуваме американската компанија да обезбеди стабилна врска до крајот на преговорите, рече Подољак.
Мрежата Старлинк е дизајнирана да обезбеди пристап до Интернет преку голем број микросателити.