Советот на ЕУ денеска ја усвои Одлуката, Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс.Договорот наскоро ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти и дополнителни објаснувања, велат од СДСМ.
-Ова е прв официјален договор со ЕУ на македонски јазик.Со ова уште еднаш се потврди дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно бришење на македонскиот јазик е само една обична лага.Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација и бугаризација, за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.Денешната одлука на Советот на ЕУ е уште еден доказ дека македонскиот јазик е признаен и заштитен и со чиста формулација ќе стане еден од официјалните јазици на ЕУ, пососчуваат од СДСМ.