Најмалку 12 лица загинаа, а две се во критична состојба откако денеска се запали автобус во градот Нашик во западната индиска држава Махараштра, изјави полициски претставник за Ројтерс.
Повеќе од 30 повредени се згрижени во локална болница додека трае истрагата за причините за несреќата, соопшти полицијата. Автобусот се запалил откако удрил во цистерна што превезувала гориво, јавуваат локалните медиуми.
„Вознемирен од трагедијата со автобусот Нашик. Моите мисли се со оние кои ги загубија своите најблиски во оваа несреќа“, напиша индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер.
Моди најави дека семејствата на загинатите ќе добијат по 200.000 рупии (2.400 долари), додека повредените ќе добијат по 50.000.