Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери, утрово ги предупреди САД за последиците од евентуалната воена интервенција во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи.
Лавров на својот соговорник му го сврте вниманието за тежината на последиците од можната воена интервенција на Блискиот исток и Северна Африка, каде што веќе се дестабилизирани некои држави како што се Ирак и Либија, стои во соопштението.
Како што пренесуваат агенциите, ОН денес би требало да ги провери тврдењата за хемискиот напад на сириската војска врз бунтовниците во Дамаск, но Франција и некои други држави од Запад веќе бараат воена интервенција против сирискиот режим.
САД исто така ја разгледува можноста за напад, но претседателот Барак Обама за сега е воздржан.
Елена Георгиевска