Израел продолжува со проектот за населби

Од:

Израел продолжи со реализација на проектот, кој опфаќа изградба на 1.500 домови во источен Ерусалим, со што би можел да ги загрози обновените преговори со Палестина.

Градските власти одобрија планови за почеток на градбата во рамките на проектот, а чекорот е оценет како „стандардна и бирократска процедура“.

Изградбата на израелските населби во источен Ерусалим и на Западното крајбрежје е едно од спорните прашања во односите помеѓу Израел и Палестина.

Палестинската портпаролка Ханан Ашрави предупреди дека Израел игра опасна игра, со тоа што продолжува да ги спроведува плановите за изградба на новите населби.

Канцеларијата на израелскиот премиер Бењамин Нетањаху, не ги коментира наводите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Газа: Најмалку 30 загинати по напад на зграда, главно жени и деца

Горан Наумовски

Тројца уапсени откако беа испукани ракети во резиденцијата на Нетанјаху

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски