Меѓународна средба на книжевните преведувачи

Од:

Околу 40 преведувачи од Македонија и од странство ќе присуствуваат на 42. Меѓународна средба на книжевни преведувачи што денеска и утре ќе се одржува во конаците на Лешочкиот манастир. Главната тема на симпозиумот е „Македонскиот јазик во книжевниот превод“, а помошната „Од теоријата и практиката на книжевниот превод“.

Воведно излагање на симпозиумот ќе има преведувачот од Црна Гора, Душан Ѓуришиќ. На средбата ќе бидат промовирани 15 преведени дела на странски јазици на македонскиот поет Раде Силјан.

Во рамки на средбата ќе бидат донирани 1.000 книги од Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и Советот на средбата за библиотеката на Лешочкиот манастир.

На симпозиумот, во манастирската црква „Св. Богородица“, ќе се читаат нови објавени и необјавени препеви на македонски јазик. Поради подготовките за манастирската слава Св. Богородица, симпозиумот ќе продолжи со работа во Скопје.
Преведувачките награди за 2013 година, според препораките на ФИТ (Светската федерација на преведувачите) и УНЕСКО ќе бидат врачени во Скопје, на свеченост по повод Светскиот ден на преведувачот.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или