На 30 август оваа година како и предходната, со почеток во 19 часот, на градската плажа Камен мост во центарот на Скопје се организира Плех фест.
Оваа година со многу побогата програма која има за цел да ги задоволи вкусовите на македонската публика – ги вбројува: Миле Кузмановски, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски, Бади Бекир, Рио Бенд, Плех оркестри, Чалгии, како и бенд кој ќе свири во чест и сеќавање на великанот на македонската песна Гоце Арнаудов.
Цената на влезницата е симболични 100 денари во пред продажба (kupikartizase.com, mktickets.mk, градска плажа Камен мост, сите салони на “one”, Југотон ), а 150 денари на самиот влез.
Сето тоа надополнето со добра скара и ладно пиво ветува убаво фестивалско искуство.