Пачеко го прими Златниот венец на 52. Струшки вечери на поезијата

Од:

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на Златниот венец на годинашниот лауреат мексиканецот Хосе Емилио Пачеко и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Иселеничка грамота“, вечерва завршува 52. издание на Струшките вечери на поезијата.
Годинашниот лауреат мексиканскиот поет, романсиер, преведувач и критичар Пачеко е 48-миот добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен венец.

Toj на прес-конференција истакна дека наградата не ја смета како лична, туку е награда за мексиканската и за латино-американската книжевност, како и за текстовите кои ги напишал.
Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2013 година му беше врачена на Ристо Јачев за стихозбирката „Помнам“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ја зема македонската поетеса Николина Андова за дебитантска книга „Влезот е од другата страна“. Добитник на наградата „Иселеничка грамота“ е Иван Трпоски член на Македонското литературно друштво „Глигор Прличев“ од Сиднеј, Австралија за книгата „Изгреј сонце во мојот сон“.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот. Педесет и вториот поетски фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“ и палење на фестивалскиот оган, а по поетското читање „Мостови“, следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија. На 52. издание на Струшките вечери на поезијата, кое почна во четвртокот, а ќе трае до 27-ми овој месец, покрај од Македонија учествуваат и 50-тина странски поети.

Наградата „Златен венец“, првпат му е доделен во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање