СДСМ: Ковачевски ги покачува пензиите, оваа година поголеми пензии за 10%

Од:

„Владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се грижи за сите пензионери и во услови на криза продолжува покачувањето на пензиите. Од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто“, соопшти СДСМ.

„Согласно новата методологија, пензиите годинава се покачени во два наврати, во септември за 6,8 отсто и претходно во март за 2,9 проценти.

На ниво на просечна пензија само со последното покачување од 6,8% значат дополнителни 1.200 денари месечно плус за пензионерите кои примаат просечна пензија а повеќе и за оние со над просечната пензија.

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период од 12 месеци, ќе се искачат за околу 16 отсто.

Растот на пензиите се должи на новата методологија, според која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.

Воспоставениот метод за усогласување на пензиите, утврден низ инклузивен пристап и дијалог со засегнатите страни гарантира, системско, а не паушално, зголемување на пензиите, независно од нечија политичка волја.

Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он