Товарен авион утрово ја прелетал пистата на аеродромот во Монпелје и завршил во езеро. Аеродромот е привремено затворен. Спасувачите извлекоа три лица од Боингот 737. Тие се неповредени во несреќата која се случи денеска пред зори. Во тек е истрага за инцидентот.
Авионот денеска во раните утрински часови патувал од Париз до Монпелје, пристигнувајќи нешто пред 3 часот по полноќ. Промашувајќи ја пистата завршил во езерото. Во истрагата учествуваат претставници на француското истражно тело за авионски несреќи.