Ромпуј до Јахјага: „Како се викате драга?“

Од:

Функционерите во Брисел очигледно имаат проблем да ги запаметат имињата и ликовите на функционерите од Балканот, што го потврди и денешниот гаф на претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

И по состанокот со косовската претседателка Атифета Јахјага не можел да го запамети нејзиното име.

„Како се викате драга?“ ја праша тивко Ромпуј Јахјага, непосредно пред почетокот на конференцијата за новинари, додека стоеле на говорницата во седиштето на ЕУ во Брисел.

Снимката, заедно со изјавата на Ромпуј и Јахјага ја објави интерната телевизија на ЕУ.

„Јах-ја-га“ повторила два пати косовската претседателка, иако на снимката пред почетокот од нивниот разговор можело да се чуе дека се состанувале и претходно.

Ова е последниот од низата гафови на европските функционери во последните неколку месеци. За време на неодамнешната посета на српскиот претседател Томислав Николиќ, шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон ги праша своите соработници дали некој знае како изгледа Николиќ.

На вториот круг од претседателските избори во Србија, на 20 мај, Европската комисија му упати честитка на новиот претседател на Србија, Николиќ, неколку часа пред затворањето на избирачките места.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он